„Да ги слушнеме и гушнеме“ е кампања наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и ни го покажа патот по кој денес чекориме. Единственото нешто кое нè води е топлината, љубовта и вербата во подобро утре кое тие ни ги подарија. Да им покажеме дека сè уште ни се потребни, повеќе од кога било. Нивниот совет е важен за секој од нас. Тие се наши родители, баба, дедо, комшија.
Да им покажеме дека годините не се пречка, туку извор на мудрост. Оваа генерација е неисцрпен извор на љубов и знаење кои нѝ се потребни на сите, бидејќи нашата заедница и култура не се темелат само на делата на големи поети, научници, туку и на безброј вредности од анонимните херои кои ги среќаваме секојдневно, а за кои имаме сè помалку време.
Сабота некаде на пладне. По долго убедување се наканивме да одиме да ја посетиме баба ми. Семејните обврски и работата често нè спречуваат да одиме кај неа, но, денес денот е совршен за кај неа.
На влезот на старата зграда нè дочека силен мирис кој ме врати назад во времето, за 30 години. Го препознав тој мирис и не знаев дали сум тажна или среќна што тој е ист, цели 30 години. Заѕвоневме на врата. Во позадина ги слушам бавните чекори на баба ми. Толку многу…
На 31 март во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни стопанственици, уметници, културни работници, професори, новинари. Тие ќе дискутираат на интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економијата, претприемништвото, значењето на културната едукација.