На 31 март во Скопје ќе се одржи првата конференција „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни стопанственици, уметници, културни работници, професори, новинари. Тие ќе дискутираат на интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економијата, претприемништвото, значењето на културната едукација.

Целната публика се пред сè млади луѓе, младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи, млади дизајнери, културни работници итн.

Конференцијата ќе се одвива во три дела, односно три панели: економија, култура и комуникации.

Целта на конференцијата е да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите по патот на градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои делуваат.

Мудроста, искуството и успехот кои ги дефинираaт панелистите ќе отворат низа прашања и одговори важни за сечиј развој.

Конференцијата е дел од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и ни го покажа патот по кој чекориме денес.

Нивната мудрост е наша инспирација!

Сподели на: