Напиши ја ја твојата порака за сите знајни и незнајни повозрасни луѓе кои те инспирирале, за оние чиј живот, зборови и дела силно влијаат врз твојот живот.
Напиши порака за оние кои те чувале, воспитувале, описменувале, се радувале со тебе уште од првиот твој чекор, за оние кои искрено се радуваат на секој твој успех, оние со кој тагата полесно минува. Напиши порака за твоите родители, баба, дедо, повозрасните роднини, пријатели, соседи. Напиши им дека иако не ги гледаш често, сепак мислиш на нив, нивните зборови се твојот внатрешен глас кој вели сè ќе биде добро.
Нека твојата порака патува насекаде во светот но најважно е да не потсети колку се значајни за нас луѓето на кои им ја посветуваш пораката.