Тука ги чуваме и документираме сите писма кои ни ги испраќате инспирирани од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“. Ова е нашиот заеднички фотоалбум, споменар или алманах. Ова е место на паметење на една убава мисла како онаа што нас нè води „Да ги слушенеме и гушнеме“.
Драги баба и дедо, ви благодарам што сте дел од мојот живот. Некој што од првата средба ми станува омилен. Некој што ги прави највкусните пити и манџи и ги раскажува најубавите приказни. Ви благодарам пред се што ме имате воспитано заедно со моите родители. ВЕ САКАМ!
- Зорана Талевска VIIIa одд. ОУ „Коле Неделковски“
Баба и дедо, знајте дека вашата љубов, вашиот труд и пред се вашата насмевка навистина значи многу. Специјалитетите вкусни, приказните славни и љубовта која редовно ја добивам од вас, Ви благодарам за сите магични моменти поминати со вас. Ве сакам!
- Ева Малинковска VIIIa одд. ОУ „Коле Неделковски“
Младите треба да ги слушаат родителите и постарите, да помагаат на сите луѓе на кои им е потребна помош, да учат, да бидат културни, да не одат по погрешни патишта. Домашната ука и култура се добива од родителите. Однесување, култура, интелегенција, учење и се што го прави младиот да биде добар граѓанин.
- Нолчевски Вангел