За Проектот

„Да ги слушнеме и гушнеме“ е кампања наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и ни го покажа патот по кој денес чекориме. Единственото нешто кое нè води е топлината, љубовта и вербата во подобро утре кое тие ни ги подарија. Да им покажеме дека сè уште ни се потребни, повеќе од кога било. Нивниот совет е важен за секој од нас. Тие се наши родители, баба, дедо, комшија.

Да им покажеме дека годините не се пречка, туку извор на мудрост. Оваа генерација е неисцрпен извор на љубов и знаење кои нѝ се потребни на сите, бидејќи нашата заедница и култура не се темелат само на делата на големи поети, научници, туку и на безброј вредности од анонимните херои кои ги среќаваме секојдневно, а за кои имаме сè помалку време.

Слоганот „Да ги слушнеме и гушнеме“ е мала пауза во забрзаното секојдневие. Тоа е миг во кој помислуваме на нашите родители, на нашите баби и дедо, на постарите членови од семејството или од соседството.

„Да ги слушнеме и гушнеме“ се обраќа на помладите, на децата и внуците, кои во трката со брзото секојдневие некогаш и не можат да одвојат време за постарите. Ова е повик за освестување на секој од нас, дека од повозрасните можеме да научиме многу, бидејќи тие се чувари на мудроста. Нивното искуството е инспирација, а тоа е една од максимите на оваа кампања.

„Да ги слушнеме и гушнеме“ се одвива во неколку етапи, во соработка со: пензионерски здрженија, домови за стари лица, училишта и градинки низ целата земја. Интегрираната кампања обединува најразлични активности и се одвива на сите канали за комуникација, вклучувајќи ја и документаристичката компонента.

07/03/2023

Колумна: Спокојна плетка

http://www.femina.mk/

22/12/2022

Важни се луѓето и секоја нивна приказна

https://insajder.mk/

13/12/2022

„На кино со баба и дедо“ во Битола

https://umno.mk/

09/12/2022

В недела „Мирно лето“ во Кинотека за акцијата „На кино со баба и дедо“

https://www.mkd.mk/

07/12/2022

Филмот како времеплов

https://kinoteka.mk/

17/11/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ колку што е важна за возрасните, толку е важна и за оние по нив

https://umno.mk/

01/10/2022

Билборди со интересна порака утрово осамнаа во Скопје

https://umno.mk/

21/10/2022

Приоритети

https://zenskimagazin.mk/

20/10/2022

Активна старост, искористена мудрост и здраво општество

https://skopjeinfo.mk/

04/10/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа

https://www.smartportal.mk/

04/10/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа

https://inovativnost.mk/

04/10/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа

https://tocka.com.mk

04/10/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа

https://faktor.mk/

04/11/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ - кампања на Халкбанк посветена на оние што нѐ пораснаа

https://www.fakulteti.mk/

04/10/2022

За оние што нè пораснаа

https://umno.mk/

04/10/2022

„Да ги слушнеме и гушнеме“ – кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа

https://marketing365.mk/

04/10/2022

„ДА ГИ СЛУШНЕМЕ И ГУШНЕМЕ“ КАМПАЊА НА ХАЛКБАНК ПОСВЕТЕНА НА ОНИЕ ШТО НÈ ПОРАСНАА

https://pari.com.mk/

03/10/2022

Креативни билборди со пораката „Да ги слушнеме и гушнеме“ викендов го разубавија Скопје

https://opserver.mk